Каролина Гочева наполни 41 година: Срцето ми е полно
Поп-ѕведата Каролина Гочева вчера го прослави 41-от роденден.Каролина за бројните добиени честитки од пријателите, колегите и фановите јавно се заблагодари на својот профил на Инстаграм.
Гочева, како и целата македонска естрада, изминатава година, во услови на пандемија, кариерата ја стави во мирување, со ретки настапи како концертот за 35.јубилеј на НЛБ банка. Учествуваше и во кампањата НосамМаска и заедно со Влатко Стефановски, Никола Перевски, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска преку видео порака порачаа дека носењето маска значи наскоро отворање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.
Самозатајно го подготвува новиот албум, на кој фановите уште отсега му се радуваат.
Една од ретките професионалци кај нас која и со гласот и со ставата е наш музички амбасадор во регионот. Бројните ангажмани како заштитно лице на македонски и странски брендови од сите сфери на живеење го потврдуваат тоа.