Како светот го пропушти тивкото ширење на корона вирусот (1)


Тимот на д-р Камила Рот од Минхен беше првиот што предупреди уште во јануари дека корона вирусот го шират и лица без симптоми

Пренесувањето без симптоми ја прави борбата против корона вирусот многу потешка. Но, здравствените функционери со месеци го отфрлаа тој ризик, притискајќи за погрешни и контрадикторни тврдења, во време кога доказите дека луѓето без никакви симптоми се едни од главните преносители стануваа сѐ поголеми.                            Ова извонредно истражување на „Њујорк тајмс“ ја пренесува борбата на научниците за нивните докази за ширењето на вирусот без симптоми. Тоа е неверојатна приказна за научнички суети и за бирократскиот поглед на здравствените власти, влучувајќи ја и СЗО

 

 

МИНХЕН – Д-р Камила Рот требаше да замине на вечера кога владината лабораторија се јави со изненадувачки резултат на тестот. Позитивно. Таа беше на 27 јануари. Таа штотуку го откри првиот случај на новиот корона вирус во Германија.

Но, дијагнозата немаше никаква смисла. Нејзиниот пациент, бизнисмен од блиската компанија за делови за автомобили, можел да биде заразен од само едно лице: колешка што што дошла на посета од Кина. А таа колешка не требаше да биде заразена.

Посетителката се чинеше дека е совршено здрава за време на престојот во Германија. Немаше кашлање или кивање, немаше знаци на замор или треска за време на двата дена исполнети со долги состаноци. Таа им рече на колегите дека почнала да се чувствува лошо по летот назад кон Кина. Неколку дена подоцна, таа се тестираше позитивно за корона вирусот.

Научниците во тоа време веруваа дека само луѓе со симптоми можат да го шират корона вирусот. Тие претпоставуваа дека тој се однесуваше како неговиот генетски братучед, САРС.

„Луѓето кои знаат многу повеќе за корона вируси отколку јас, беа апсолутно сигурни“, се сеќава д-р Рот, специјалист за заразни болести во Универзитетската болница во Минхен.

Но, ако експертите не биле во право, ако вирусот може да се шири од навидум здрави носители или луѓе кои сè уште не развиле симптоми, последиците биле потенцијално катастрофални. Кампањите за подигнување на јавната свест, скринингот на аеродромите и политиките остани дома ако си болен, можеби не ја спречија заразата. Можеби беа потребни поагресивни мерки – наредби и здравите луѓе да носат маски, на пример, или да ги ограничат меѓународните патувања.

Д-р Рот и нејзините колеги беа меѓу првите кои го предупредуваа светот. Но, дури и со доказите собрани од други научници, водечките здравствени работници изразија непоколеблива доверба дека ширењето без симптоми не е важно.

Во наредните денови и седмици, политичарите, службениците за јавно здравје и ривалските научници го обесхрабрија или го игнорираа тимот на Минхен. Некои активно работеа на поткопување на предупредувањата во клучен момент, бидејќи болеста се ширеше незабележано во француските цркви, италијанските фудбалски стадиони и австриските ски-барови. Бродот за крстосување „Дијамантска принцеза“ ќе стане смртоносен предвесник на ширење без симптоми.

Цветниот пазар на улицата „Колумбија роуд“ во Лондон беше преполн со луѓе во марто, вообичаено како дотогаш

Интервјуата со лекари и службени лица од јавното здравство во повеќе од десетина држави покажуваат дека за два круцијални месеци – и во пресрет на зголемувањето на генетски докази – западните здравствени службеници и политичките лидери го спуштија или негираа ризикот од ширење без симптоми. Водечките здравствени агенции, вклучително и Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести, даваа контрадикторни и понекогаш погрешни совети. Клучна дискусија за јавното здравство се претвори во семантичка дебата за тоа како да се нарекуваат заразени лица без јасни симптоми.

Двомесечкото одложување беше производ на погрешни научни претпоставки, академски ривалитет и, можеби најважно, неподготвеност да се прифати дека за запирање на вирусот ќе треба да се преземат драстични мерки. Одбивањето на доказите што се појавуваа беше еден дел од слабиот одговор на светот на вирусот.

Невозможно е да се пресмета човечката загуба од тоа одложување, но моделите сугерираат дека побрзото агресивно дејствување би можело да спаси десетици илјади животи. Земјите како Сингапур и Австралија, кои користеа тестирање и трагање по контакти и брзо ставање во изолација на навидум здрави патници, поминаа далеку подобро од оние што не го направија тоа.

Сега е широко прифатено дека навидум здравите луѓе можат да го шират вирусот, иако останува неизвесно колку тие придонеле за пандемијата. Иако проценките варираат, моделите што користат податоци од Хонгконг, Сингапур и Кина укажуваат на тоа дека 30 до 60 проценти од ширењето на заразата се јавува кога луѓето немаат никакви симптоми.

„Тоа беше, мислам, многу едноставна вистина“, вели д-р Рот. „Бев изненадена дека тоа ќе предизвика таква бура. Не можам да го објаснам тоа“.

Уживање на сонцето пред музејот Лувр во Париз во средината на март

Дури и сега, со повеќе од 11 милиони случаи низ целиот свет, а бројката на починати достигна 530.000, Ковид-19 останува нерешлива загатка. Премногу е рано да се знае дали помина најлошото, или дали втор глобален бран на инфекции ќе го зафати светот. Но, јасно е дека низа држави, од тајни режими до самоуверени демократии, го загрозија нивниот одговор, погрешно го проценија вирусот и ги игнорираа сопствените планови за итни случаи.

Исто така, болно јасно е дека времето било критична работа во спречувањето на вирусот – и дека премногу беше потрошено.

„Таа не беше болна“

Ноќта на првиот позитивен тест во Германија, вирусот се чинеше далеку. Пријавени беа помалку од 100 жртви ширум светот. Италија, која ќе стане нулта точка на Европа, нема да ги регистрира своите први случаи за уште три дена.

Неколку извештаи надвор од Кина веќе укажаа на можноста за ширење без симптоми. Но никој не докажа дека може да се случи.

Таа ноќ, д-р Рот упати е-пошта до неколку десетици лекари и службени лица од јавното здравство.

„Инфекциите, всушност, можат да се пренесат за време на периодот на инкубација“, напиша таа.

Уште тројца вработени од компанијата за автомобилски делови „Вебасто“, беа тестирани позитивно следниот ден. Нивните симптоми биле толку благи, што, нормално, веројатно немало да бидат одредени за тестирање, или не мислеле дека ќе останат дома.

Д-р Рот одлучи дека мораше да го огласи алармот. Нејзиниот шеф, д-р Михаел Хелшер, испрати електронска пошта до списанието за медицина The New England Journal of Medicine. „Веруваме дека ова набудување е од најголема важност“, напиша тој.

Уредниците одговорија веднаш. Колку брзо можат да го видат текстот?

Следното утро, 30 јануари, службениците за јавно здравство ја интервјуираа кинеската бизнисменка по телефон. Хоспитализирана во Шангај, таа објасни дека почнала да се чувствува болна при летот кон дома. Гледајќи наназад, можеби имала блага болка или замор, но мислела дека тоа е поради долгото патување.

„Од нејзина перспектива, таа не беше болна“, рече Надин Шиан, портпарол на „Вебесто“, која беше на повикот. „Таа рече,‘ Добро, се чувствував уморна. Но, многу пати сум била во Германија и секогаш имам џет-лаг’“.

Кога здравствените службеници го опишаа повикот, д-р Рот и д-р Хелшер брзо завршија и го доставија својот напис. Д-р Рот не разговараше со самата пациентка, но рече дека се потпира на резимето на здравствениот орган.

За неколку часови, текстот беше на интернет. Тоа беше скромно клиничко набљудување во клучно време. Само неколку дена порано, Светската здравствена организација соопшти дека треба повеќе информации за оваа тема.

Она што авторите не го знаеле, сепак, е дека во предградие оддалечено 20 минути, друга група лекари исто така брзаше да објави извештај. Ниту знаеја на што работат другите, а оваа навидум мала академска препирка ќе има глобални импликации.

Академско делење на влакно

Втората група ја сочинуваа службени лица од баварските здравствени власти и национална агенција за здравство на Германија, позната како Институт „Роберт Кох“. Во внатрешноста на приградската канцеларија трагале по патиштата на инфекцијата користејќи пенкала во боја.

Д-р Мерле Бемер и нејзиниот тим напишаа дека пациентите се изгледа заразни пред да ги покажат целосните симптоми, но не пред да покажат каков било симптом

Нивниот тим, предводен од баварскиот епидемиолог д-р Мерле Бамер, достави статија до „Лансет“, уште едно врвно медицинско списание. Но, болничката група во Минхен ги претрка за три часа. Д-р Бамер рече дека статијата на нејзиниот тим дошла до слични заклучоци, но ги кажала малку поинаку.

Д-р Рот напиша дека пациентите биле заразни пред да пројават какви било симптоми. Владиниот тим напиша дека пациентите биле заразени пред почетокот на целосните симптоми – во време кога симптомите беа толку благи што луѓето можеби дури и не ги препознаваа.

На пример, кинеската жена се разбуди среде ноќ со премор. Таа зела кинески лек наречен „999“ – што содржи еквивалент на таблета „тиленол“ – и се врати во постела.

Можеби тоа ја маскираше благата треска? Можеби нејзиниот џет-лаг всушност беше замор? За време на состанокот се завиткала во шал. Можеби тоа беше знак на треска?

По двата долги телефонски разговори со жената, лекарите од институтот „Роберт Кох“ биле убедени дека таа едноставно не успеала да ги препознае нејзините симптоми. Тие му напишале на уредникот на The New England Journal of Medicine, сомневајќи се на наодите на д-р Рот.

Уредниците таму одлучија дека спорот е како да се подели влакното. Ако требаше долго интервју за да се идентификуваат симптомите, како може да се очекува некој да го стори тоа во реалниот свет?

„Прашањето беше дали таа има нешто сообразно на Ковид-19 или дека некој би знаел во тоа време што е Ковид-19“, рече д-р Ерик Рубин, уредникот на списанието.

„Одговорот се чинеше дека не.“

Списанието не го објавило писмото. Но, тоа не беше крајот на приказната.

Тој викенд Андреас Запф, шеф на баварските здравствени власти, му се јави на д-р Хелшер од клиниката во Минхен. „Гледајте, луѓето во Берлин се многу лути на вашата публикација“, рекол-р Запф, како што тврди д-р Хелшер.

Тој предложи да се смени текстот на извештајот на д-р Рот и да се замени нејзиното име со оние на членовите на владината работна група, рече д-р Хелшер. Тој одби.

Здравствената агенција не сакаше да дискутира за телефонскиот повик.

Дотогаш, рече д-р Хелшер, нивниот извештај се чинеше вистински. Сега беше јасно: „Политички, ова беше главно, големо прашање“.

(Второто продолжение следи во понеделник навечер)