Израелската војска пронајде тело на уште еден заложник

Се работи за Ноа Марчијано (19), која беше војник на југот за Израел. Телото на Марчијано е пронајдено во близина на болницата Ал Шифа


Ноа Марчијано

 

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека го пронашла телото на водникот Ноа Марчијано од Појасот Газа, три дена откако објави дека е убиена во заробеништво на Хамас.

Телото на Марчијано беше пронајдено вчера во зграда во непосредна близина на болницата Ал Шифа, по разузнавачки информации обезбедени од безбедносната агенција Шин Бет.

Нејзиното тело потоа било донесено во Израел за идентификација. Нејзиниот погреб е закажан за подоцна денеска.

Откритието дојде додека војниците продолжуваат да бараат терористичка инфраструктура во болничкиот комплекс.

Марчијано (19) служеше во базата на ИДФ во Нахал Оз кога беше освоена од терористите за време на нивниот убиствен напад врз јужен Израел на 7 октомври.

Во понеделникот вечерта, Хамас објави пропагандна снимка од Марчијано, на која се гледа како таа зборува пред камера четири дена откако беше земена како заложник, се идентификува и ги рецитира имињата на нејзините родители и нејзиниот роден град. Видеото потоа се прекинува за да го покаже нејзиното тело.

Се верува дека терористичките групи во Газа држат околу 240 луѓе како заложници. Хамас постојано изнесуваше непроверени тврдења дека некои заложници биле убиени од израелските воздушни напади врз Газа.

Вчера, ИДГ го извлече и телото на Јехудит Вајс, исто така во близина на Ал Шифа, која беше киднапирана од Хамас на 7 октомври,.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборувајќи за американската тв-мрежа Си-Би-Ес рече дека има „силни индикации“ оти израелски заложници биле држени во болницата Ал-Шифа и тоа е „една од причините поради кои влеговме“.

Нетанјаху рече дека немало заложници во болницата кога силите влегле во болницата во средата, тврдејќи: „Ако имало [заложници], тие биле извадени“.

Израел вели дека има дополнителни разузнавачки информации за приведените, но Нетанјаху рече: „колку помалку кажам за тоа, толку подобро“.

Нетанјаху не објасни какви информации има Израел да сугерира дека заложниците се држат во Ал-Шифа.