Израел вакцинираше повеќе од половината од населението, но уште е далку од имунитетот на стадото


Како во старите времиња: Израелци во бар во Тел Авив овој месец

Околу 4,7 милиони Израелци ги примиле двете дози на вакцината против Ковид-19, но властите чекаат да завршат клинишките испитувања за вакцинирање на децата под 16 години, што сочинуваат една третина од населението

 

Повеќе од 50 проценти од Израелците ги примиле обете дози на вакцина против корона вирусот, според податоците објавени од Министерството за здравство, три месеци откако Израел започна со вакцинацијата.

Досега 4.655.955 Израелци ги примиле двете дози и 5.203.644 (кои сочинуваат 55,96 проценти од населението) ја добиле првата доза. Но, овие бројки сè уште не се доволни за да се постигне имунитет на стадото, што според проценките бара да се вакцинираат до 80 проценти од популацијата.

Покрај тоа, стапката на инфекција со Ковид-19 позната како Р-број – просечниот број на луѓе кои го заразува секој носач на коронавирус – продолжи да опаѓа и во моментов изнесува 0,55.

Според бројките објавени од Министерството, 470 нови случаи биле дијагностицирани во средата, со 1,1 процент од сите тестови спроведени тој ден да се вратат позитивни. Понатаму, бројот на активни случаи во Израел сега изнесува 12.906, од кои 482 се во сериозна состојба.

Дистрибуцијата на вакцината „Фајзер“ во Израел започна во декември. Оние кои се инокулирани се сметаат за целосно заштитени една недела по добивањето на втората доза.

Во изјавата за најавување на пресвртницата во услови на постојан пад на нови случаи со Ковид-19, министерот за здравство Јули Еделштајн ги повика граѓаните „да ги следат упатствата (за здравјето) за да не се врати коронавирусот“.

Тој рече дека 50,07 проценти од вкупната популација примиле и дози на вакцини, а 55,96 проценти прва доза. Оние кои се целосно вакцинирани и околу 8,7 проценти од неговата популација кои се опоравиле од Ковид-19 со претпоставен имунитет добиваат т.н. „зелена пропусница“ што даваат пристап до разни места за одмор.

Земјата забележа 85% пад на дневните смртни случаи од Ковид-19, 72% намалување на критично болните и 86% помалку дневни случаи со корона вирус од третиот врв на пандемијата во средината на јануари, според Еран Сегал, научник за податоци во Институтот за наука „Вајцман“.

Генералниот директор на Министерството за здравство Чези Леви за Ројтерс изјави дека проценил дека целото население кое има право на вакцинација ќе биде инокулирано до крајот на мај.

Околу една третина од земјата е под 16 години и не може да се вакцинира сè додека вакцината не се смета за безбедна за децата. Овој месец Министерството за здравство соопшти дека закрепнатите пациенти од Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза најмалку три месеци по закрепнувањето.

Според податоците, вакцината „Фајзер“ дадена во Израел е 98,9 проценти ефикасна во спречување на смрт две недели по втората доза. Повеќе анализи на податоци од Израел покажуваат дека едно лице целосно вакцинирано против КОВИД-19 со инокулација на Фајзер има една од 1.000 шанси да се зарази со оваа болест.

Проф. Ран Балицер, директор на Институтот за истражување „Клалит“, рече дека Израел ќе се врати на рутината пред ковидот дури и пред да стигне до имунитет на стадо. „Имунитетот на стадото не е задолжителен за да се постигне драматичен резултат. Терминот ‘индиректна заштита’, означува дека до него може да се стигне и без постигнување на имунитет на стадото. Колку повеќе се намалува бројот на дневно потврдени случаи, толку поголем ефект би имал врз индиректната заштита. Кога се вакцинирани 60 проценти од населението, доволно е за стапката на инфекција да се намали. Ако носат и маски и ако има социјално дистанцирање тоа е доволно да се спречат стапките на инфекции“, рече Балицер. (Хаарец)