Измамници нудат една милијарда непостоечки вакцини низ ЕУ, предупредува агенцијата ОЛАФ


Вредноста на овие изамнички понуди изнесува дури 14 милијарди евра, соопшти европската канцеларија за борба против измами

 

Сомнителни посредници им понудија на владите низ Европската унија вкупно околу 1 милијарда непостоечки дози на вакцини за Ковид-19 во вредност од околу 14 милијарди евра, изјави во понеделникот агенцијата за борба против измами на блокот.

Таквиот посредник бара авансно плаќање и не дава детали за испорака, рече Вил Итала, шеф на европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, нагласувајќи дека фармацевтските компании инсистираат тие да продаваат директно на владите.

„Тоа е доста масивно“, додаде тој.

„Тие испраќаат понуда, која не е реална. Всушност, нема такви вакцини во прилог на понудата од она што го видовме досега“, рече тој.

Измамите што ги истражува ОЛАФ доаѓаат и од професионални криминалци и од индивидуални опортунисти врзани во долг синџир на посредници кои честопати водат надвор од ЕУ, рече Итала.

Во Италија, властите соопштија дека ја испитуваат понудата за вакцини Ковид-19, поднесена од неименувани посредници до регионалните власти во Венето, во услови на предупредувања за зголемена измама со вакцини.

Итала рече дека ОЛАФ сè уште не е свесна за фалсификувани вакцини што се туркаат на пазарот на ЕУ, но тоа сигурно ќе дојде: „Онаму каде што има многу пари, измамниците се наоѓаат таму“.

„Може да има финансиски последици. Но, постои и друг аспект – довербата на луѓето. Затоа е важно сега да се спречи ова, за луѓето да можат да веруваат дека ако одат да добијат вакцина, тие се вистинските “, рече тој.

ОЛАФ соработуваше со владите на ЕУ, агенциите за спроведување на законот и фармацевтските компании за да ги изведат криминалците пред лицето на правдата, иако засега не беше свесен дека владитеа на ЕУ паѓаат на такви измами.