Италија го избра првиот трансроден градоначалник


Бирачите во италијанското гратче Тромело за свој градоначалник го избраа трансродниот адвокат Џанмарко Негри, кој беше главен противкандидат на претставникот на десничарската „Лига“ на Матео Салвини.

Негри, 40-годишен адвокат, кој е и активист за трансродиви права, е избран со 37,5 отсто од гласовите дадени за неговата левичарска граѓанска листа. Кандидатот на Лига заврши на второ место, со 26 отсто од гласовите.