Иран предупредува: Се заканува четврт бран на пандемијата


 

Иранскиот министер за здравство Саед Намаки денеска предупреди дека се заканува четврт бран од корона вирусот поради можното побрзо ширење на мутираниот сој на инфекцијата.

Претседателот Хасан Рохани вели дека „ѕвоната предупредуваат на четврт бран од корона вирусот“ откако најмалку девет градови на југозападот на Иран се прогласени за „црвена“ високоризична зона поради порастот на инфицираните во петокот.

„Почнуваат тешки денови за нас и морате да се подготвите за борба против неколтролираниот мутиран вирус кој за жал ја заразува земјата“, велу министерот за здравство, по состанокот со стручњаците кој беше пренесуван во живо на телевизија.

Тој ги повика граѓаните да ги избегнуваат собирањата за „свадбите да не се претворат во погреби“ во текот на месеците во кои традиционално се одржуваат најмногу венчавки, пренесе Ројтерс.