Интервју со академик Беџети: Повисоките даноци не влијаат негативно на економскиот раст


Во услови на континуирано и тензично преиспитување на потребата од нови даноци, академик Абдулменаф Беџети како суштински аргумент ја посочува науката, а таа според него, не нуди докази дека повисоките даноци негативно влијаат врз економскиот раст. Проблемот според него е кај нас, бидејќи недомаќинското трошење на јавните пари не влева доверба дека приходот од даноците ќе заврши на вистинските места во смисла на подобрување на јавните услуги.

„Јас се залагам за транзиционен период во прогресијата и тоа првата стапка да се задржи на 10% и втората стапка да почне со праг од над 100.000 денари со 14 или 15% за по 3 до 5 години да се воведе и третата стапка од 20%. Со ова и бизнис заедницата би имала време за прилагодување и планирање, но да биде проследено со подобрување на институциите и ефикасна алокација на јавните расходи, со приоритет во продуктивни и капитални инвестиции“, вели Беџети во интервју за „Локално“.

Во оваа насока се и пресметките и симулациите кои според него покажуваат дека доколку се воведе прогресија на данокот на добивка од втора стапка по 20% од праг над еден милион евра буџетот би добил над 70 милиони евра годишно повеќе. Тоа се значителни фискални ресурси со кои може да се подобри образованието, здравството, па и некои социјални програми.

Овие цели од друга страна мора да препостават финансиска дисциплина и одговорност за потрошените јавни пари.

„Системот на контрола на јавните финансии нормативно добро ги регулира овие аспекти. Проблемот е во одлучноста за одговорност во случај на неекономско и недомаќинско управување. Кој поднел одговорност или пак му бил запленет или пак конфискуван имот стекнат на противправен начин?“, прашува Беџети.

Искажавте несогласување со дел од стопанствениците дека зголемувањето на даноците ќе влијае негативно врз економијата. Ако ја анализираме реформата од аспект на воведување на мала даночна прогресија, во колкава мерка се наметнува бенефитот во споредба со несаканиот, дополнителен товар на кој предупредува бизнис заедницата?

-Нема доволни научно изджани докази дека повисоките даноци негативно влијаат во економскиот раст, се разбира доколку домаќински се употребуваат јавните пари, т.е. добри иснтитуции и добро управување. Во просек даноците на персонален доход, па и на богатството во земјите членки на ЕУ се трикратно и повеќе повисоки одколку кај нас а сепак нивните економии се посилни и поразвиени. Овие даноци се дури два пати повисоки во Скандинавските земји и во однос на САД (а во однос на нас се дури четири пати), но сепак просечната стапка на раст (и тоа одржливо на долг рок, над 20 години), и просечната стапка на раст во тие земји е за 50% повисока од просечната стапка на раст на економијата на САД. Проблемот е во непродуктивните јавни расходи и несоодветното трошење. Во принцип, начинот како се трошеле јавните пари кај нас, особено во минатото, секако дека не треба да растат даноците.

Јас се залагам за транзиционен период во прогресијата и тоа првата стапка да се задржи на 10% и втората стапка да почне со праг од над 100.000 денари со 14 или 15% за да по три-пет години се воведе и третата стапка од 20%. Со ова и бизнис заедницата би имала време за прилагодување и планирање, но сето ова проследено со подобрување на институциите и ефикасна алокација на јавните расходи, со приоритет во продуктивни и капитални инвестиции. Паралелно со ова и прогресија во данокот на добивка, погодова со еден праг на добивка од над еден до два милиони евра. Пресметките и симулациите ни покажуваат дека доколку се воведе прогресија на данокот на добивка од втора стапка по 20% од праг над еден милион евра, буџетот би добил зголемен за над 70 милиони евра годишно. Тоа се значителни фискални ресурси со кои може да се подобрува образованието, здравството па и некои социјални програми.

Целото интервју на следниов ЛИНК.