Инстаграм наскоро би можел да добие свој ВИ чет-бот
Чет-ботови со вештачка интелигенција стануваат сѐ почести, а социјалната мрежа Инстаграм наскоро би можела да добие свој.
Инженерот Алесандро Палуци тврди дека платформата во сопственост на Мета подготвува сопствен ВИ чет-бот. Според сликите од екранот што ги сподели, чет-ботот ќе може да одговара на прашања и да дава совети, а корисниците ќе можат да избираат од 30 личности.
Чет-бот би можел да биде многу корисен за оние на кои им е тешко да пишуваат пораки и имаат потреба од помош, а ќе можат да станат дел од разговорот што корисникот го води со некого спомнувајќи го со знакот „@“.
Сè уште е рано да се каже кога и дали Instagram ќе ја воведе оваа функција, но каде има чад има и оган. Извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, во февруари изјави дека компанијата работи на личности со вештачка интелигенција за Инстаграм, Messenger и WhatsApp.
Воедно, Палуци е многу веродостоен извор. Тој претходно најде докази за платениот систем за верификација на Instagram неколку недели пред Мета да го објави.