Хонгконг нуди бесплатни авионски карти, Италија враќа пари за воз


По двегодишниот карантин, односно мерките за сузбивање на пандемијата од корона вирусот, кога патувањата беа речиси невозможни, различни региони и гржави во светот на повеќе начини се борат да ги вратат туристите.

Така, Хонгконг нуди бесплатни авионски билети, а регион во италија нуди враќање на парите за превоз со воз.

Пред пандемијата, Хонгконг привлекуваше 56 милиони туристи годишно, а сега популарната дестинација презема значајни чекори за да ги врати туристите по повеќе од две години строги правила и услови за патување.

Пред само неколку дена го укинаа својот задолжителен карантин во хотелите, а потврдија дека планираат да подарат 500.000 авионски карти за успешен туризам.

Владата од авионските компании куила 500.000 авионски билети по цена од 254,8 милиони долари, а ќе бидат поделени на посетители од целиот свет, заедно со жителите. Условите наскоро ќе бидат познати.

Сличен потег направи и италијанскиот регион Фриули Венеција Џулија, за турситите кои би дошле да го посетат нивниот регион со воз. Единствен услов е да резервираат две преножувања во хотелите кои се дел од проектот, а парите што ги потрошиле за воз ќе им бидат одбиени од крајната сметка за преноќиште.

Во овој регион се наоѓаат древни градови на уметноста, планини, километри лозја и некои од најдобрите италијански плажи.

Може да одите до Трст, Удине, Градо и Лињано Сајадоро. Во пактот бесплатни влезници вклучени се и оние за посета на музеи, бесплатен јавен превоз и други попусти.