Холандија од 9 декември воведува контрола на копнените граници


Холандија ќе воведе контрола на копнените граници од 9 декември, изјави денеска портпаролот на Министерството за миграција на Кралството, цитиран од британските медиуми, со што ја потврдија претходната најава на холандската агенција АНП.

Граничните контроли, од кои сите се со земјите кои се членки на Шенген зоната, ќе траат шест месеци – дел од пошироките мерки за справување со миграцијата предложени од екстремно десничарската коалиција предводена од националистичката Партија на слободата на Герт Вилдерс.

Одлуката следува по слична одлука што пред извесно време ја донесе владата на соседна Германија.