Холандија изгласа излегување од политиката на ЕУ за миграција (ВИДЕО)


Холандскиот парламент штотуку гласаше за можноста Холандија да се повлече од политиката на ЕУ за азил и миграција.

Според оценката на десничарските кругови, тоа е епохална промена со која власта ќе може да ја запре инвазијата на имигранти и да се посвети на масовни протерувања.

Одлуката во овие кругови се нарекува историска и со неа Холандија ќе може да тргне по стапките на Данска. Според оценките ова може да биде крај на масовното имигрирање во оваа земја.  На видеото подолу лидерот на Партијата на слободата, екстремистот десничар Герт Вилдерс ја слави одлуката.