Ходорковски: Западот ја губи војната со Русија (ВИДЕО)


Западот ја губи војната: сегашните напори се недоволни за да се спречи падот на клучните украински региони во рацете на Владимир Путин во следните две години, порача рускиот олигарх и опозиционер Михаил Ходорковски.

Според неговите пресметки, Путин троши околу 120 милијарди долари годишно на војната – или 5,4% од рускиот БДП од 2,2 трилиони долари – при што најчесто користената руска граната чини околу 500 долари. Европската помош за Киев во текот на двете години изнесуваше 88 милијарди долари – или околу 0,25% од БДП на ЕУ – со проектили кои чинат помеѓу 5.000 и 8.000 долари. Тој прати и неколку други пораки:

-Тоа значи дека, ако го вклучиме американскиот придонес, Путин го надминува Западот за најмалку 2,5:1. Оваа година, без поддршка од САД, тој сооднос скока на 4:1“, посочува Ходорковски. 

 

-На почетокот на војната, населението на Русија беше 142 милиони наспроти 40 милиони на Украина – сооднос од околу 3,5:1. Сега, две години подоцна, тој сооднос е 7:1. А, сепак, бараме Украина да продолжи да се бори – но со што? Со сегашната стапка, Харков ќе падне во текот на оваа година, а Одеса – следната година. До 2026 година, Украина ќе може да одржува само мал партизански отпор – и тоа е во најдобар случај.

-Лавов ќе биде зачуван доколку полските трупи, како дел од НАТО, влезат во градот. Ова е пооптимистичко сценарио, под услов украинските вооружени сили да продолжат со херојскиот отпор и покрај сите предизвици.

-Каков е мисловниот процес во игра? „Можеби ако Путин ја земе Украина, ќе се смири“? Можеби ќе го направи тоа – иако, како што реков претходно, тоа е многу малку веројатно. Поверојатно е дека кога војната ќе заврши, руските војници ќе бидат на границата со Полска. И ќе им се придружат некои Украинци, огорчени од западното предавство и кои, поради потребата да заработат некако за живот, ќе бидат принудени да се приклучат на обединетата руско-украинска армија под руска команда. Слична динамика видовме дека се случи веќе во Донбас.

-Сигурен сум дека никој кој размислувал за ова, навистина не сака да види таков исход. Но, како што стои, ова е најверојатната ситуација. Единствениот начин да се спречи тоа е западните земји да ги засилат своите напори да и помогнат на Украина и да го запрат Путин.

-Без поддршка од своите сојузници, не може да се очекува Украина засекогаш да се бори против инвазијата. Путин секако ја има поддршката од сопствените сојузници. Кси Џинпинг рече дека нема граници за кинеско-руската соработка. Што може да ни каже ова?Тоа ни кажува дека кога демократиите не се подготвени да се обединат и да дејствуваат решително, тогаш диктаторите се чувствуваат овластени да дејствуваат како што сакаат без страв од последици.

-Притоа важно е да се има предвид дека на Путин не му треба територија. На Путин му треба војна за неговите домашни цели. А, слабиот Запад преставува прекрасна мета.

-Ако Западот се надева дека ќе ги прејде светските автократи со предупредувањата за светска војна, тогаш е на добар пат да ја реализира таа цел, рече тој на форум иорганизиран за ситуацијата во Украина и рефлексиите врз Западот.