Хари Костов ја засили позицијата во Комерцијална банка со уште 3.500 акции


Комерцијална банка АД Скопје извести дека  Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор, се стекнал со 3.500 обични акции во Банката. 

Оваа одлука за нова инвестиција Костов ја донел  откако Советот на Народната банка  донесе одлука за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Со новата инвестиција од 3.500 купени акции од Банката со која раководи, Хари Костов дополнително го зголемува својот и онака голем акционерски капитал во Комерцијална банка АД Скопје, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 2.279.067 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 9.908,39 денари.