Хамас го покани Маск во Газа


Дали Илон Маск ќе биде првиот билионер во светот

Хамас го покани Илон Маск во Газа, за да го види уништувањето на палестинската територија, подложена на израелските напади, откако високотехнолошкиот милијардер му се придружи на Бенјамин Нетанјаху за да го прегледа кибуцот, тој беше  цел на напади од Хамас.

„Го поканувам да ја посети Газа, за да може да ги види размерите на уништување  извршени против луѓето во Газа, во согласност со стандардите за објективност и кредибилитет“, рече Осама Хамдан, висок функционер на Хамас, на прес-конференција во Бејрут.

Маск се појави со израелскиот премиер во Кфар Аза, кибуц на 2 милји од границата со Газа, каде што повеќе од 50 луѓе беа убиени од напаѓачите на Хамас, што предизвика и критики од Израелците. На 15 ноември, основачот на компанијата за електрични автомобили „Тесла“ и сопственик на платформата за социјалните медиуми Х, ги обвини Евреите за „омраза кон белците“, а следниот ден објави спротивно, дека „секој смее да се гордее со својата раса, со исклучок на белите луѓе“.

Ретвитовите не беа споменати за време на посетата на Маск на Кфар Аза, а наместо тоа, магнатот даде забелешки во кои се согласува со Нетанјаху за Хамас.

„Оние кои имаат намера да убијат мора да бидат неутрализирани“, рече тој. „Треба да се прекине пропагандата која тренира деца да бидат убијци во иднина. За потоа Газа да биде просперитетна. И ако се случи ова, мислам дека ќе има добра иднина“.

Посетата на Маск на Израел доаѓа за време на пауза во израелската воена кампања, за Хамас да може да ги ослободи заложниците и Израел да ги ослободи палестинските затвореници од нивните затвори. Но, Нетанјаху вети дека Израел веднаш ќе продолжи со операциите
по завршувањето на привремениот прекин на огнот.

Властите предводени од Хамас го проценуваат бројот на загинати меѓу жителите на Газа на повеќе од 14.000 луѓе.Џо Бајден во голема мера го поддржуваше Израел во неговата воена кампања, а САД помогнаа да се надополнат залихите на Израел од оружје и муниција, но администрацијата неодамна изрази загриженост поради големиот број жртви меѓу цивилното население во Газа и го повикува Израел да ја промени својата тактика.