Гренланд губел по еден милион тони мраз во минута во 2019 година


Мразот во Арктичкото Море во Данскиот мореуз на источниот брег на Гренланд (Фото: Наса)

Загубата на ледената маса е најголема во многу векови наназад и придонесува за зголемување на нивото на водата во морињата

 

Ледената маса на Гренланд изгуби рекордна количина мраз во 2019 година, што е еквивалентно на милион тони во минута во текот на целата година, покажуваат сателитските податоци.

Климатската криза го загрева Арктикот со двојно поголема стапка во пониските ширини, а топењето на ледниците е најголемиот придонес кон зголемувањето на нивото на морето, кое веќе ги загрозува бреговите низ целиот свет. Ледената маса се намали за 532 милијарди тони минатата година, додека нејзината површина се топи и глечерите паднаа во океанот и полнат седум олимписки базени во секунда.

Сателитските податоци се собираат од 2003 година. Загубата во 2019 година беше двојно поголема од просекот на годината од 255 милијарди тони. Таа маса беше изгубена само во јули 2019 година.

Научниците знаеја дека загубата на мразот од Гренланд забрзано се зголемува во последните децении и дека имало високи стапки на топење во 2019 година. Истражувачите велат дека обемот на загубата во 2019 година е шокантен и веројатно ќе биде најголем во вековите, па дури и милениумите.

Ако се стопи целата ледена маса на Гренланд, нивото на морето би се зголемило за шест метри. Но, истражувачите рекоа дека не е сигурно дека масата ја поминала точката од која нема враќање и дека намалувањето на емисијата на јаглерод ќе го забави топењето, што ќе трае со векови за да се заврши.

„2019 беше навистина шокантна и депресивна во однос на бројките“, рече Инго Сасген, од Институтот Алфред Вегенер во Бремерхавен, Германија, кој ја водеше анализата. „Но, исто така не е многу изненадувачки, затоа што имавме други силни години на топење во 2010 и 2012 година и очекувам дека ќе гледаме сè повеќе“.

Снежните врнежи на Гренланд беа мали во 2019 година, исто така, како резултат на блокирачката шема, што значи дека е додаден и релативно малку нов мраз. „Вистинската порака е дека ледената маса е силно надвор од рамнотежа“, рече Сасген.

Податоците за временските услови и моделите на компјутерите овозможуваат загубите да се пресметаат уште од 1948 година. „Ако ги погледнеме рекордните години, првите пет се случија во последните 10 години и тоа е загрижувачки. Но, ние знаеме што да правиме за тоа: намалување на емисијата на СО2“.

Сасген рече дека дополнителна загриженост се механизмите за повратна информација што ја зголемуваат загубата на мразот, вклучително и слабеењето на ледената маса и го забрзува нејзиното паѓање во океанот. Пожешкото време исто така го топи белиот снег на површината, откривајќи потемен мраз подолу, што апсорбира повеќе од сончевата топлина.

Истражувањето, објавено во списанието „Комуникации Земја и околина“, користеше податоци од сателитите „Грејс“ на Наса, кои ја мерат гравитација и всушност ја мерата масата на мразот во Гренланд.

Истражувачите откриле дека во 2017 и 2018 година има невообичаено ниско губење на мразот, како резултат на пресврт на блокирачката шема што резултираше во студени, снежни услови фиксирани над Гренланд. Но, дури и во овие услови, сè уште се губи мраз, што значи дека студените години не ги компензираат врелите како во минатото.

И покрај брзото топење, мразот на Гренланд не е нужно осуден целосно да се стопи. Прво, кога глечерите се повлекуваат, тие губат контакт со потоплите океански води и затоа се топат побмалку. Второ, топењето на ледената маса со топол воздух трае векови, за кое време може да се промени обратното.

„Ако го намалиме СО2, ќе го намалиме загревањето на Арктикот и затоа ќе го намалиме и придонесот за зголемување на нивото на морето од мразот на Гренланд“, рече Сасген. „Значи, иако на крајот може да исчезнат во голем дел, тоа ќе се случува многу побавно, што ќе им овозможи повеќе време на 600 милиони луѓе што живеат во близина на бреговите да се оддалечат“. (Гардијан)