Градоначалничката на Париз го нарече Твитер „светска канализација“
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, објави дека ќе го напушти X, порано Твитер, бидејќи платформата за социјалните медиуми стана „оружје за масовно уништување на нашите демократии“ во последниве години.
Без да го именува, Хидалго укажа на одговорноста на Илон Маск за промените направени на страницата откако тој ја презеде компанијата во октомври 2022 година.
„Оваа платформа и нејзиниот сопственик намерно ги влошуваат тензиите и конфликтите“, рече Хилдаго во изјавата објавена на X, додавајќи дека станала „огромна светска канализација“.
„Тоа е јасен политички проект кој сака да го направи светот без демократијата и без неговите вредности во корист на моќните приватни интереси“, рече социјалистичкиот градоначалник, додавајќи: „Одбивам да ја поддржам оваа судбоносна шема“.
Идалго е првата француска политичарка од висок профил која објави дека се откажува од платформата.
Твитер се соочи со критики поради ширењето на дезинформации откако Маск ја купи компанијата, што кулминираше во последните недели поврзани со содржината за војната Израел-Хамас.Оваа загриженост ја поттикна Европската комисија да каже дека „привремено ќе го прекине рекламирањето на оваа платформа до понатамошно известување“, во интерна белешка добиена од Политико претходно овој месец.