Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 40 мастерс титули


Новак Ѓоковиќ за време на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го зголеми рекордот со освојувањето на седмата титула на Мастерс турнирот во Париз, каде што во финалето го совлада Григор Димитров со 6:4, 6:3. Ѓоковиќ на тој начин стана првиот тенисер кој освоил 40 титули од Мастерс 1000 серијата.

Ова е негова шеста АТП-титула оваа година, со што ќе го зголеми водството во однос на Карлос Алкарас во трката за првото место на крајот на годината.

„Неверојатно е што успеав да победам по предизвикувачките околности за мене оваа недела. Се вратив од раб на пораз на три меча по ред, во четвртокот, петокот и саботата. Без блиску да ги изгубам, но секогаш наоѓав дополнителна брзина кога беше најпотребно. Затоа ова е неверојатен триумф“, изјави Ѓоковиќ.

На српскиот тенисер му требаат уште три титули за да ги има 100, при што пред него се само Роже Федерер со 103 и Џими Конорс со 109.