Германска парламентарна делегација во Скопје, благодарност за поддршката


 

Претседателот на Собранието, Јован Митрески и членовите комисиите за надворешна политика и за европски прашања денеска остварија одделни средби со делегацијата на германскиот Бундестаг – парламентарна група за соработка меѓу Германија и Југоисточна Европа. Делегацијата од Германија.

„Митрески изрази задоволство од посетата на претставниците на Бундестагот, кои се во посета на дел од земјите од регионот и се заблагодари за поддршката од Германија на сите полиња, а посебно на патот на Северна Македонија кон Европската унија и за полноправното членство во НАТО“, информира собраниската прес-служба.

На средбата беше искажана длабока и особен благодарност за неодамна донесената Резолуција во Бундестагот, со која се поддржува европската иднина на Северна Македонија и се оддава посебно признание на македонската култура, идентитет и јазик. Пратеникот Томас Хакер, како еден од иницијаторите на Резолуцијата, истакна дека ова е редок случај кога Бундестагот издвојува на ваков начин една земја на посебно ниво, што јасно ја демонстрира силната поддршка за европската иднина на нашата земја, се вели во соопштението од Собранието.

Од германска страна, како што додваат оттаму, особено била потенцирана важноста од внатрешен парламентарен дијалог и национален конзесус, особено за прашања од стратешки интерес, како што е членството во евроатлантските институции. 

На средбата со Комисијата за надворешна политика, нејзиниот претседател, Антонијо Милошоски, се заблагодари за традиционалната поддршка од Германија на сите полиња.

Милошоски рекол дека во однос на евроинтеграциите, рече дека сите партии се за, но пристапот е различен. Кај граѓаните постои основано разочарување и недоверба, со оглед на ветувањата дека со промена на името во спорот со Грција ќе ни се отворат вратите на ЕУ, што не се случи, а сега се соочуваме со вето од Бугарија, која бара измени во Уставот, но нема гаранција дека потоа нема да има и други барања. Билатералните спорови не треба да се дел од евроинтеграциите, а ако веќе постои наметнат проблем, тогаш да се следи хрватско-словенечкиот пример.

Претседателот на Групата, Јосип Јуратовиќ, покажал разбирање за состојбата во земјава, дал поддршка за евроинтегративниот пат, што се докажа со донесувањето на последната Резолуција за нашата земја во Бундестагот. Но, како што рече Јуратовиќ, иако се најјаката нација во Европа, сепак во ЕУ не одлучуваат сами и се на мислење дека треба оддалечување од принципот на едногласност.