Сиљановска даде поддршка на Украина во борбата против руската агресија


Гордана Сиљновска-Давкова и амбасадорката Ларис Дир

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на амбасадорката на Украина Лариса Дир ѝ искажала поддршка во борбата на нејзината земја против агресијата на Русија. 

Во соопштението од нејзиниот кабинет за средбата се наведува дека Сиљановска-Давкова „ја нагласи нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност.

Двете соговорнички разменија мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Сиљановска-Давкова ја нагласи македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската унија и НАТО“.