Уапсената директорка на „Алта груп“ има фирма во Скопје – „Алта реал естате“, објави СДСМ
Не била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси во Македонија. Пред два дена во Белград беше уапсен и братот на сопственикот Давор Mацура, Дубравко, под сомнение дека тој бил човекот што ги изнесувал парите од трезорот на Алта банка. Заедно со него беше уапсена и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“.
Членот на Ивршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска објави дека уапсената Татјана Бундало имала фирма во Македонија која во Централниот регистар е заведена како „Алта реал естате ДООЕЛ Скопје. Таа е поврзана е и со фирмата „Алта груп“ ДООЕЛ Скопје.
„Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време.
Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО.
Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски.
Прашањето е зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо? Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност?“, рече Фрчкоски.