Мицкоски барал од амбасадорката на Германија државата да се стави на брза лента за ЕУ


 

Заложбите на владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзаниот економски развој и борбата против криминалот и корупцијата, истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата, на која присуствувал и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, Мицкоски рекол дека е потребно државата да се стави на брза лента кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.

„Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите“, стои во соопштението.