Гаши зборуваше на конференцијата против дискриминација во Каиро


 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од страна на Генералниот секретаријат на Арапската лигата во соработка со ИКЕСКО (Исламска светска образовна, научна и културна организација).

Конференцијата собра претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, академици и верски лидери, кои дискутираа за улогата на муслиманските заедници на Запад, промовирањето на толеранцијата, меѓурелигискиот дијалог, заштитата на човековите права, борбата против говорот на омраза и градењето култура на мир.

Во своето обраќање, Гаши истакна дека Македонија претставува пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот, нагласувајќи дека различноста е богатство и темел за градење демократски општества. Тој посочи дека борбата против секоја форма на дискриминација не претставува само заштита на една заедница, туку и заштита на човечкото достоинство, еднаквоста, слободата на совеста и почитувањето на различностите.