И денеска многу топло – до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот на неделата кога дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.