Француската полиција со водени топови растера демонстранти против средбата на Г-7


Француската полиција употреби водени топови против 400 демонстранти кои протестираа против средбата на врвот на Г7 во Биариц.

Полицијата ги затвори и патиштата во соседниот град Бајон.

Протестите во Бајон беа во најголем дел мирни, но на крајот денонстрантите почнаа да фрлаат кон полицијата со камења. Полицијата возврати со предупредувачки истрели и потоа и водени топови.

Инцидентот беше во близина на мост во градот што беше затворен од полицијата како дел од мерките за безбедност во врска со средбата на врвот во Биариц/