Франција: Задолжителната вакцинација не е најефикасниот начин за борба против Ковид-19

Воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19 не би бил најефикасниот начин оние кои досега не се вакцинирале тоа да го направат, а плановите за заострување на мерките за поседување здравствени пропусници за вакцинирање веќе дадоа реузлтати, рече денеска портпаролот на француската влада Габриел Атал.
За да влезат во ресторан и кафуле, но и да користат меѓународен превоз со воз, жителите на Франција одамна мора да имаат доказ за вакцина или потврда за негативен тест на Ковид.
Со оглед на порастот на бројот заразени со омикрон, парламентот покрена расправа за закон со кој опцијата за задолжително тестирање би се отфрлила.
Макрон: Сакам да ги изнервирам невакцинираните
Претседателот на државата пак, Емануел Макрон, оваа недела рече дека сака да ги изнервира невакцинираните така што ќе им ги отежне животите во толкава мера што на крајот ќе се одличат за вакцинирање.
Четворица на секои 20 невакцинирани Французи не се вакцинирале против Ковид поради потешкотии во пристапот до релевантни здравствени установи, објави оваа недела францускиот Национален институт за здравје и медицинкси истражувања.
„И понатаму остануваме на одлуката врз невакцинираните да извршиме притисок“, речено е во неделата за телевизијата БФМ, Атал.
Повеќе од 300.000 нови случаи
Фрнација, во петокот, втор пат во само една недела евидентира повеќе од 300.000 нови случаи на зараза со корона вирус.
Се повеќе луѓе завршуваат во болница поради компликации од Ковид-19, што го оптоварува францускиот здравствен систем.
Атал рече дека во изминатата недела речиси 10 милиони тесирања на Ковид-19 се направени, и дека владата ќе стави на располагање повеќе здравствнеи работници.
Но, вработените во лабораториите предупредуваат дека стапката на тесирање може да биде неодржлива.
„Едноставно не можеме да продолжиме да тестираме олку голем број заразени“, рече за БФМ Лионел Баранд, претседател на Националниот синдикат на медицински биолози.