„Форбс“ ја објави листата најголеми компании Глобал 2000, во првите десет доминација на фирми од САД и Кина

На првите 10 места на листата на најголеми компании во светот, има пет американски, четири кинески и една компанија од Саудиска Арабија, покажува годинашнавa листа Глобал 2000 на магазинот „Форбс“.
Од 2003 година, магазинот „Форбс“ ја следи работата на најголемите светски компании, мерејќи ги нивните перформанси врз основа на четири критериуми: вредност на активата, пазарната вредност, продажбата и профитот; и ги наведува на својата листа Глобал 2000.
Минатата година, списокот ги покажа контурите за тоа какво ќе биде влијанието на пандемијата врз бизнисот на најуспешните компании во светот, а на годинашнава листа ги гледаме резултатите од дванаесетмесечниот пад на пазарот, пишува Форбс.
Резултатите генерално не се лоши. Бидејќи централните банки дозволија негативни каматни стапки, инвеститорите открија дека нема алтернатива на капиталните инвестиции. На глобално ниво пазарот на акции минатата година порасна за околу 48 проценти и иако профитот и продажбата паднаа минатата година, вредноста на активата и пазарната вредност на компаниите од списокот на Глобал 2000 се зголеми.
Најниската вредност потребна за некоја компанија да се најде на списокот оваа година изнесуваше 8,26 милијарди долари, што е за околу 3 милијарди долари повеќе од минатата година.
Еве ги најголемите десет компании во светот според „Форбс:
- ICBC (Индустриска и трговска банка на Кина)
- JPMorgan Chase
- Berkshire Hathaway
- China Construction Bank (Градежна банка на Кина)
- Saudi Aramco (Нафтена компанија на Саудиска Арабија)
- Apple
- Bank of America (Banka Amerike)
- Ping An Insurance Group (Пинг Ан осигурителна група)
- Agricultural Bank of China (Земјоделска банка на Кина)
- Amazon.
На следните пет места се Самсунг, Тојота, Алфабет, Бенк оф Чајна, и Микрософт.