Финска студија: Луѓето поради пандемијата имаат кошмари
Корона вирусот на луѓето буквално им стана ноќна мора, покажа финска студија за сон во која учествувале стотина волонтери. Тие ги прераскажале своите соништа на научниците од хелсиншкиот универзитет што ги имале во текот на карантинот воведен поради пандемијата во првиот дел од годината.
Соништа за изгубени пасоши, затворени граници, за многу луѓе во мали простории и за смртта постојано им се повторувале на испитаниците.
Ракувањето и прегратките исто така станале кошмари. Луѓето кои ги сонувале ги доживувале како прилично непријатни затоа што биле свесни дека ги кршат правилата за физичка дистанца.
„Соништата се обично приватна работа, но кога опкружувањето брзо ќе се промени во така кратко време, многумина изгледа, ги имаат истите асоцијации’, вели главната авторка на студијата, психологот Ану-Катрина Песонен.
Студијата е објавена во магазинот „бариери во психологијата“ и во неа учествувале 4.000 Финци.
Четвртина од нив пријавиле почести ноќни кошмари отколку пред пандемијата, а третина почесто се буделе ноќе.
Но повеќе од половина учесници спиеле повеќе од вообичаено, делумно поради тоа што работеле од дома.