Европските производители на оружје затечени, бараат помош од ЕУ

Европските производители на оружје побараа помош од Европската унија за да се прилагодат од „мирнодопско“ производство по наглиот скок на побарувачката, истакнувајќи дека имаат проблем со наоѓање работници. Велат дека се шокирани од развојот на ситуацијата.
Индустријата за оружје всушност очекуваше дека земјите од Европа по децении мир во Европа на одбрана ќе трошат помалку, а не повеќе, изјавија челниците на производителите на оружје во вторникот на состанок пред собирот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Главниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека почнале дијалог со индустријата и сојузниците за зголемување на производството и обнова на залихите, наведува Ројтерс.
Министерите за одбрана ќе донесат одлуки за зголемување на залихите, објави Столтенберг на конференција за новинарите, додавајќи дека нивното намалување поради поддршката за Украина бил правилен потег.
НАТО најави зголемување на залихите
Но, сега производството мора да се зголеми за сојузниците да обезбедат сопствени капацитети и да продолжи поддршката за Украина на „долг рок“, нмагласи генералниот секретар на НАТО.
Очекува дека министерите на НАТО ќе усвојат амбициозни цели кои на индустријата ќе ѝ овозможат долгорочна побарувачка и со тоа ќе го исполант нивниот услов за долгорочни влиожувања. Ќе разгледаат и можност за заедничка набавка.
Извршниот директор на францускиот производител на оружје „Nexter Nicolas Chamussy“ објаснува дека индустријата морала да одговори ан драматичниот скок на побарувачката за воена опрема во ЕУ, а нејзините производствени капацитети осмислени се за мирнодопски услови.
На челниците на ЕУ им порача да избегнат „повторувачка фрагментација на национално ниво“ во окружување кое го диктира војната и секоја држава да следи некои нејзини цели.
„Напротив, тој предизвик мора да се решава на европско ниво“, смета шефот на францускиот производител на оружје, повикувајќи на зајакнување на воените капацитети со подобра и поделотворна соработка.
„Nexter“ проектира и произведува воени возила за француски и меѓународни вооружени сили. Дел од француско-германскиот KNDS, кој 50 отсто е во сопственост на француската држава, а 50 отсто во соспственост на семејно сопствеништво на Вегман групацијата.
Недостаток на работници
Директорите на производителите на оружје велат дека итно им требаат уште работници. „Chamussy“ ја повика Европа да помогне во изградбата на „резервоар за работна сила“, предлагајжи вработување работници кои заминале во предвремена пензија и ангажман на стручњаци од други фабрики.
ЕУ купуваше опрема за украинската војска, меѓу што и смртоносно оружје, кое, според Унијата, треба да се користи за одбранбени цели.
Минатиот петок челниците на ЕУ одлучија да ја зголемат финансиската и воената помош кон Украина. Жозеп Борел рече дека за конкретни предлози ќе расправаат овој месец.
„За нас непосредна последица ( од руската инвазија на Украина) е барањето да вложиме повеќе напори, да работиме побрзо, да испорачуваме со побрзо темпо и тоа веднаш“, рече шефот на европскиот производител на проектили MBDA Ерик Беранже. Фабриката е во сопственост на „Ербас“, BAE Systems и „Леонардо“.