Евакуиран Парламентот во Лондон по предупредување за пожар


Британскиот Парламент беше евакуиран денеска поради предупредување за пожар, јавија британски медиуми.

Парламентарците биле известени да го напуштат објектот преку разгласниот систем откако се вклучил и звучниот аларм за пожар.

Алармот бил исклучен по 20-тина минути по што на парламентарците, останатите вработени и новинарите им било дозволено да се вратат во Вестминистерската Палата.