Експлозија во работилница за огномет – седум мртви (видео)


Во експлозија во нелегална работилница за огномет во централно Мексико, седум лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија денеска локалните власти.

„Експлозијата се случи во куќата каде што се произведуваа и складираа пиротехнички средства за огномет“, се вели во соопштението на мексиканската цивилна заштита.

Според првичните информации, седум лица загинале, а 15 се повредени во несреќата во градот Тотолапан, на околу 80 километри од главниот град.

Локалните власти изразија жалење за несреќите кои се вообичаени во нелегалните работилници за производство на огномет.

Во декември 2016 година, неколку експлозии се случија на пазарот за огномети во Тултепек во централно Мексико, при што загинаа 42 лица, а неколку десетици беа повредени.