Експерти тврдат дека вакцината против Ковид-19 не може да влијае на плодноста


 

Тврдењето дека вакцините против Ковид-19 може да влијаат на плодноста кај мажите се без основа, соопштија денеска британските експерти од Кралскиот колеџ во Лондон.

На социјалните мрежи се појавија неточни тврдења дека вакцината на компанијата „Фајзер/Бионтек“ може да предизвика неплодност или да го натераат телото да го нападне плодот, пренесе Би-би-си.

Не постои таков билошки механизам кој вакцината би ја направил опасна по плодноста, рече професорката Луси Чапел, професор на Кралскиот колеџ о Лондон.