Ех, тој Запад

Вистинскиот проблем е како Русија да не победи, а Украина да не загуби, а тој исход да не изгледа како пораз на руските власти, а всушност, пред сѐ, на Путин


Макијавели во „Владетелот“ советува непријателот да се уништи до темел, и не само да се убијат сите, туку и да урне сè и да се срамни со земјата. И пожелно е да се избрише и секое сеќавање, иако и онака тоа го чека секој и сѐ, времето не се грижи за никого, но веројатно не доволно брзо. Се разбира, тоа е argumentum ad absurdum, што не  спречи многумина тоа да го сфатат буквално.

Меѓутоа, сега може да се постигне повеќе од тоа – меѓусебно, па дури и сеопшто уништување. Врз основа на тоа, Хабермас во неодамнешниот напис бара политички излез од војната на Русија со Украина, во која Русија, според Хабермас, не може да загуби, бидејќи може да користи нуклеарно оружје. А сепак, би било неправедно ако Украина, како жртва на агресија, да не може да се одбрани, па Хабермас препорачува политика која има цел, или подобро кажано, две цели: Русија да не победи и Украина да не загуби. Тоа е мерка за правичност кога агресорот е нуклеарна сила.

Ова, се разбира, подразбира дека ова е војна меѓу Русија и Украина, а не со Западот, односно со ненуклеарна, а не нуклеарна сила. Западот треба да ѝ помогне на Украина колку што ѝ е потребно за да не ја загуби војната, а во исто време да го поддржи компромисот на двете страни со конечен исход во кој Украина не губи. Проблемот, се разбира, е што руските власти можат да го сметаат за пораз сѐ што не е победа, онаква кон која се стремат. И ако се цени според есејот на Путин од минатата година, пораз е сѝ што не е контрола на целата украинска територија.

Написот на Хабермас е одговор на оние кои сакаат пораз на Русија. А тој смета дека нуклеарната сила не може да ја загуби војната, бидејќи поседувањето оружје со толку голема моќ може да се заканува со уништување на непријателот. Тоа со нуклеарното оружје и со рамнотежата што ја обезбедува неможноста на пораз на нуклеарната сила е посложено отколку што гледа Хабермас, како што веќе пишував. Зашто, да ги земеме овде заговорниците на верската рационалност, ако државите со нуклеарно оружје ги водат верници кои гледаат повисока рационалност во жртвувањето на земниот свет како жртва на на небесното царство, тогаш меѓусебното уништување, меѓусебниот пораз е навидум победата кон која се тежнее. Да живее смртта, што е крик кој не се слушнал само еднаш.

Каков е, тогаш, исходот што го посакуваат оние што повикуваат на војна со Западот? Интересно е што во српската јавност се смета за очигледно дека станува збор токму за војна на Русија со Западот. Каде, наводно, Западот тежнее кон уништување на Русија и всушност на Русите (и Србите). Се разбира, не е лесно тоа да се објасни така за да се заснова барем донекаде на фактите. Едноставно затоа што Русија ја нападна Украина и всушност Путин ја најави таа агресија.

Значи, ако некаде би се судело за правичноста на оваа војна, Русија би била осудена, бидејќи нема основа да се повика на правото на самоодбрана зашто нејзината намера да владее со Украина е јавно објавена, а не може никако да се спори дека причината на војната беше нападот на Русија врз Украина. Кои цели ги оправдува военото насилство за самата руска влада е ирелевантно во ова прашање во однос на правичностана оваа војна.

Вистинскиот проблем е како Русија да не победи, а Украина да не загуби, а тој исход да не изгледа како пораз на руските власти, а всушност, пред сѐ, на Путин. А сепак, сето тоа треба да се постигне со конвенционално оружје, бидејќи употребата на нуклеарни бомби би ризикувала сѐ. Да го кажам тоа поинаку:

Ако со заканата од нуклеарно оружје се избегнувае војната на Русија со Западот, а сепак во војната со Украина со конвенционалното оружје не може да ја постигне посакуваната цел, азагосподарување со Украина, како може да се избегне исходот во кој Украина не губи да не се гледа како пораз на Русија?

Хабермас не дава одговор. Тој главно ја брани политиката на германската влада, која трпи критики, бидејќи помагањето на Украина да се спротивстави на руската агресија никако не треба да ја пречекори границата на меѓународното право и на тој начин да се сфати како почеток на војната меѓу Западот и Германија, со Русија. Затоа што, конечно, европската безбедност е секако загрозена од руската агресија врз Украина, па разбирливо и оправдано е да се стремиме кон исход што го намалува тој ризик – затоа Украина не треба да загуби.

Макрон претстави предлог кој може да биде рамка во која може да се најде одговор. Станува збор за европска политичка заедница во која би имало место и за Украина и за Русија. Проблемот со овој предлог, барем во контекст на војната во Украина, е што подразбира значително зголемување на воената интеграција на Европската унија. Ако НАТО е проблем, европската замена, со нуклеарно оружје, со постоење на заедница на интерес со Америка и остатокот од Западот, тоа тешко дека би се сметало за подобрување на позицијата на Русија во Европа.

Целта на Путин беше и остана, колку што можам да видам, нов светски поредок за кој се грижи некој вид Светски совет (за тоа напишав во текстот „Руски интервенции: Контрареволуционерната сила“). Членови на тој Совет, на пример, би биле САД, Русија и Кина. Но, секако не Европа или некоја европска сила. За тоа е потребно да се распушти НАТО, а потребен е поинаков, пацифички однос на силите, а тоа значи дека Западот треба да се распадне или едноставно, како сила која се грижи за безбедноста, повеќе да не постои.

Па, всушност е потребен пораз од Западот. Политички тоа можеби и беше изводливо, имајќи го предвид тоа што е всушност Западот, а не е карикатура од српскиот или рускиот печат, но нападот врз Украина досега го постигна токму спротивното. Дури и Украина да загуби, што сега не е многу веројатно, Русија не победува. Освен ако советот на Макијавели не се следи буквално и слепо.

(Владимир Глигоров е економист. Текстот е објавен во „Пешчаник“)