Една серверска фарма за ВИ бара моќност колку за цел Њујорк

Серверските фарми доживуваат побрз и поголем пораст од кога било претходно, додека вештачката интелигенција (ВИ) предизвикува сѐ поголема побарувачка за процесорски капацитети, коишто трошат струја колку цели градови, а електричната мрежа на САД се бори да држи чекор со вратоломната експанзија.
Ограничувањата во напојувањето станаа најголемото тесно грло на градењето на нашата иднина со вештачката интелигенција, според најновиот извештај на JLL. Според него, стапките на слободни термини на серверските фарми паднале на рекордно ниско ниво од 2,3%. Порастот на побарувачката создаде досега невидена неусогласеност помеѓу она што им треба на компаниите и она што е всушност достапно.
Обемот на побарувачката експлодираше над она што индустријата го видела кога било претходно. Пред само неколку години, на повеќето серверски фарми им беа потребни 200 до 300 мегавати на приближно 300 акри (121,4 хектари). Сега, Енди Цвенгрос, извршен одговорен директор и ко-водач на тимот за пазарите на серверските фарми во САД на JLL, вели дека енормните потрошувачи побаруваат капацитети од 1.000 акри (404,7 хектари) и многу повеќе гигавати моќ.
„Количината на моќност што се побарува е како целата моќност за Њујорк – и тоа само на една серверска фарма“, вели Цвенгрос.
Напливот создава хаос во планирањето на снабдувањето, а шпекулативните инвеститори го преплавуваат системот со барања од кои се надеваат дека ќе остварат профит. Само во Чикаго, електроснабдувачите добиваат барања за 40 гигавати струја приближно 40 пати повеќе од целиот постоечки капацитет на постоечката серверска фарма во градот. Цвенгрос проценува дека 90% од тие барања не се реални, но поплавата на пријави ги задушува снабдувачките системи и создава целогодишен застој за легитимните проекти.
Онаму каде што постои вистинска побарувачка, таа е силно концентрирана. Извештајот покажува дека 50% од новата побарувачка во првата половина на 2025 година била концентрирана на само два пазари: Северна Вирџинија и Далас. Со толку малку простор на располагање, компаниите сега се принудени да резервираат капацитет во серверски фарми што сѐ уште не се изградени, и понекогаш чекаат повеќе од една година за да заврши изградбата пред да можат да го користат просторот.
Финансиските влогови се огромни. JLL проценува дека Северна Америка може да види 1 билион долари (1.000 милијарди) во развојот на серверски фарми помеѓу 2025 и 2030 година, со повеќе од 100 гигавати капацитет што потенцијално може да се побарува.
Ограничувањата доаѓаат додека индустријата се бори со прашања за тоа дали умножувањето на вештачката интелигенција е одржливо. Извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман, неодамна призна дека сме среде ВИ балон, иако и тој, сепак, планира да потроши „билиони” за изградба на серверски фарми. Во меѓувреме, Морган Стенли проценува дека на индустријата ѝ требаат 3 билиони долари глобални инвестиции до 2028 година, предизвикувајќи загриженост дали масовното трошење може да генерира приноси пред инфраструктурата да застари.