ЕАСА со предупредување до европските авиопревозници да го избегнуваат иранскиот воздушен простор
Келн – Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија упати повик до сите европски авиокомпании да го избегнуваат иранскиот воздушен простор, по вчерашниот ирански наапд врз Израел.
„Со оглед на иранскиот напад врз Израел на 1 октомври 2024 година и најавата на Израел за неговата намера да возврати“, ги предупредуваме превозниците „да не вршат летови во воздушниот простор на Иран на сите нивоа на летови“, соопшти ЕАСА.
„Препораката важи до 31 октомври 2024 година и може да се преразгледа порано, и да се адаптира или повлече, доколку постои ревидираната проценка“.