Џенифер Лопез прекрши модно правило на Вимблдон
Лондон – Дрес- кодовите за облекување на Вимблдон се строги со децении, особено кога станува збор за шапки, но Џенифер Лопез очигледно не се грижела многу за тоа.Поп-ѕвездата и актерка ги гледаше натпреварите со Том Хидлстон во неделата и привлече внимание со огромна, широка шапка. Нејзиниот избор предизвика бројни коментари бидејќи крши непишано правило на турнирот.
56-годишната Лопез, која штотуку пристигна од Неделата на модата во Париз, ја комбинираше својата екстравагантна шапка со кремаст фустан без ракави, високи плетени потпетици и чанта од кожа и лен.
Проблемот е што Вимблдон, за разлика од Ројал Аскот, не дозволува големи капи на трибините бидејќи можат да го блокираат погледот на другите.
Иако ваквите модни додатоци се вообичаени во ВИП ложињата,шапките мора да бидат дискретни и практични на трибините на Централниот терен и теренот број еден.
„Се обложувам дека лицето што седи зад неа е воодушевено“
Критиките веднаш почнаа да пристигнуваат на социјалните мрежи. „Шапката на Џеј Ло ме потсетува на онаа што ја носеше Рејчел на крајот од третата сезона на „Пријатели“. Не баш за во Кралската ложа“, коментираше еден корисник на X. Друг додаде: „Се обложувам дека лицето што седи зад неа е воодушевено“. Трет забележа: „Замислете да седите до Џенифер Лопез со вентилатор и шапка што фрла сенка врз сите околу вас“. Четврт директно ѝ се обрати на ѕвездата: „@JLo, таа шапка не е соодветна за овие настани! Едуцирајте се, госпоѓо!“