Драмата меѓу Блејк Лавли и Џастин Балдони не е завршена


Вашингтон – Актерката Блејк Лајвли бара повеќе од осум милиони долари оштета од Џастин Балдони, откако беше отфрлена неговата тужба за клевета. Според Балдони, Лајвли лажно го обвинила за сексуално вознемирување за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“

– За успешно отфрлање на тужбата беше вложен обемен правен ангажман, кој беше клучен за постигнување целосна победа во постапката, наведоа нејзините адвокати. Лајвли ги плати и продолжува да ги плаќа своите правни трошоци. Ќе побараме и надомест за сите дополнителни адвокатски трошоци, додадоа тие.

„Големиот интерес од јавноста за случајот значително ги зголеми трошоците. Тука се истакнува интензивното медиумско влијание, како и обемната доказна постапка со повеќе од 7.000 документи доставени од Лајвли. Во случајот беа застапени и голем број документи од продукциската куќа Вејферер, како и од трети страни“, се наведува во судскиот извештај.

„Судијата Луис Џ. Лиман им наложи на Балдони и продуцентската куќа да достават одговор на барањето најдоцна до 13 јули, по што ќе донесе одлука дали ќе го одобри бараниот износ во целост, ќе го намали или ќе одбие делови од барањето“ напиша Пипл

Барањето беше поднесено помалку од две недели откако судијата Лиман пресуди дека Лајвли има право да побара надомест за адвокатски трошоци и судски такси.

– Лајвли успешно се одбрани во тек на судскиот процес. Затоа мојата одлука беше дека има право да бара надомест за правните трошоци поврзани со одбраната од обвиненијата за клевета што ги поднесе Балдони, соопшти Лиман.

Нејзиното барање за доделување казнена отштета против Џастин Балдони беше отфрлено од страна на судијката Лиман.