Фешнгруп најдобра е-продавница за облека, обувки и модни додатоци: Доделени наградите за е-трговија

Вчера, во хотел Мериот Скопје, се одржа свечената церемонија за доделување на македонските Награди за е-трговија 2024 – „E-commerce Awards 2024“, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Оваа година, во рамки на „Наградите за е-трговија“ беа доделени 43 награди во 23 категории, препознавајќи ги најуспешните е-трговци според нивните постигнувања во различни области.
Со над 200 номинирани е-трговци, гласовите на потрошувачите имаа клучна улога во изборот на победниците. Изборот се реализираше преку процес од неколку фази кој вклучуваше гласање од јавноста (кое учестуваше со 60% во конечниот резултат) и гласање од стручната жири-комисија (40% од конечниот резултат).
Категоријата „Најпопуларна е-продавница“ беше единствената во која победникот беше избран исклучиво врз основа на гласовите од јавноста, што ја прави оваа награда вистински одраз на довербата и задоволството на онлајн купувачите.
Во продолжение се претставени победниците по категории.
Најдобри е-продавници по сектори:
● Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци: fashiongroup.com.mk
● Е-продавница за бела техника и електроника: neptun.mk
● Е-продавница за храна и пијалоци: korpa.mk
● Е-продавница за туристички услуги: jk.mk
● Е-продавница за здравје, нега и убавина:
○ Прво место: zegin.com.mk
○ Второ место: coslovemetics.mk
○ Трето место: fashiongroup.com.mk
● Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали: ananas.mk
● Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки: bebehome.mk
● Е-продавница за услуги:
○ Прво место: telekom.mk
○ Второ место: a1.mk
○ Трето место: evnonline.mk
● Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација: literatura.mk
● Маркетплејс и мулти е-продавница:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: korpa.mk
○ Трето место: delimano.com.mk
● Е-огласник: pazar3.mk
Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање:
● Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање: telekom.mk
● Е-трговец со најдобра достава:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: korpa.mk
○ Трето место: paket.mk
● Е-трговец со најдобра грижа за корисници:
○ Прво место: telekom.mk
○ Второ место: ananas.mk
○ Трето место: a1.mk
● Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: fashiongroup.com.mk
○ Трето место: coslovemetics.mk
● Најдобра веб-страница за плаќање на сметки: evnonline.mk
● Мобилна апликација за е-трговија на годината: telekom.mk
● Најдобра е-продавница со меѓународна продажба: svetotnabibi.mk
● Најдобар верификуван е-трговец: fashiongroup.com.mk
● Најдобра е-продавница основана од жена:
○ Прво место: coslovemetics.mk
○ Второ место: smartliving.mk
○ Трето место: vitalia.com.mk
Шампиони во е-трговија:
● Најпопуларна е-продавница:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: coslovemetics.mk
○ Трето место: telekom.mk
● Најдобра новоотворена е-продавница: formanova.com.mk
● Е-трговец на годината:
○ Прво место: ananas.mk
○ Второ место: telekom.mk
○ Трето место: fashiongroup.com.mk
На свечената церемонија, на победниците им беа врачени престижни статуетки како признание за нивната извонредност во е-трговијата, како и дигитални беџови што можат да ги истакнат на своите е-продавници, за дополнително зајакнување на довербата кај купувачите.