Данците произведуваат најмногу отпад во ЕУ


Евростат објави колку отпад произведуваат земјите членки на Европска Унија, а прва на листата е Данска.

Во просек во 2019 година секој граѓанин на ЕУ произвел 502 килограми отпад годишно.

Најлоши резултати покажуваат Данска и Луксембург со 844 и 791 килограми отпад по човек годишно.

Најмалку отпад по жител имаат Полска и Романија со 280 килограми.