Дали Ѓоковиќ е исфрлен престрого од УС Опен? Се дозна што им рече на судиите: „Не мора да оди во болница …“


Правилата на Грен слемот не му оставија многу шанси на Ѓоковиќ по невнимателниот потег …

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ прерано го заврши својот настап на УС Опен. Српскиот тенисер со топчето удри линиска судијка во главата – случајно, но доволно за дисквалификација.

Правилата на Грен слемот во овој случај се јасни.

„Играчите не смеат во ниту еден момент физички да ги загрозуваат судиите, противниците, гледачите или која било друга личност внатре во теренот.

Судијата, во консултација со надлежните, може да прогласи дисквалификација за кршење на ова правило“, пренесува Гол.хр.

Ѓоковиќ сепак се обиде да ги убеди судиите да го поштедат. Бен Ротенберг, новинар кој известува од УС Опен за Њујорк тајмс, ги откри неговите зборови.

„Таа не мора да оди во болница поради ова. Заради ова ли ќе одберете дисквалификација? Мојата кариера, Грен слем, главниот терен”, пренесува Ротенберг.

Сепак, судиите немаа слух за неговите аргументи и го исфрлија од турнирот.

Медиумите го посочуваат и неспортскиот потег што Ѓоковиќ го направил откако бил дисквалификуван.

После се, се очекуваше извинување на прес-конференцијата, но Ѓоковиќ имал други планови – влезе во автомобилот и замина од стадионот, пишуваат медиумите.

УС Опен исто така издаде официјално соопштение.

„Според правилата на Грен слем, откако намерно го удри топчето опасно, без да размислува за последиците, судијата на УС Опен го исфрли Новак Ѓоковиќ од турнирот. Затоа, тој ќе ги загуби сите бодови од овој УС Опен и ќе биде казнет со досега освоената награда на турнирот покрај другите каазни поврзани со овој инцидент“.

Еве како реагираше Ѓоковиќ во моментот кога сфати што направил: