Дал отказ и се вработил на Антарктик: Добро е додека не ја отвориш вратата
Американецот Џеф Капс решил да ја напушти работата, а потоа почнал да работи во американската поларна станица Амундсен – Скот. Тој во интервјуто откри детали од својот живот на оваа необична локација.
„Работев како автомеханичар. Еден ден еден стар пријател ми рече дека им треба механичар за да работа на моторни санки на Јужниот пол и јас бев многу заинтересиран“, изјави тој за Mirror.
Годишно заработува околу 70.000 евра. Тука ја запознал својата девојка Мишел. Тие живеат заедно со истражувачи кои ги анализираат климатските промени и слично.
View this post on Instagram
„Објектот што го живееме го нарекуваме во нашиот вселенски брод бидејќи е на повеќе од илјада километри од следната истражувачка станица. Ние сме целосно изолирани од сè“, рече тој.
43 луѓе живеат со Џеф и Мишел во истата зграда
„Градиш исклучително блиска заедница затоа што ги гледаш истите луѓе секој ден. Сè е прилично добро додека не ја отвориш вратата, а потоа сè се менува“, вели тој. Раскажа и како некогаш поправал возила на -76 степени Целзиусови.
„Најлошо е кога студот ќе погоди кој било дел од кожата што не сте го покриле. Чувствувате дека некој ве прободува“, опишува Џеф.
И покрај сите предизвици, Џеф верува дека дружењето е најдобриот дел од животот на Јужниот пол.
„Ние сме како големо семејство. Се караме, но сепак се почитуваме. По расправијата правиме забава и уживаме во виски”, додава.
View this post on Instagram
Џеф е активен на Инстаграм каде објавува многу интересни детали од Јужниот пол. Неодамна го привлече вниманието објавувајќи фотографија од неговиот ручек направен на -64 степени Целзиусови. Имено, тој фотографирал целосно замрзнати тестенини и сок.
