Чудесно повлекување на опкружени украински војници во Курск
За да можат да се повлечат Украинците побарале од нивната артилерија да ја гранатира зградата во која се наоѓале и потоа неповредени се измолкнале
Украинските војници беа величени како херои за нивните акции за евакуација на нивните другари додека беа опкружени од руските сили за време на упадот на Киев во областа Курск.
Киев ја нападна лесно одбраната граница на рускиот регион што се граничи со областа Суми на 6 август, подоцна велејќи дека зазел 1.000 квадратни километри. Упадот се совпадна со рускиот напредок во областа Донецк и беа поставени прашања за целта на акцијата. Изгледаше дека Москва бавно одговара, но таа сега распореди 50.000 војници таму, иако по цена на операциите на фронтот во Донбас.
Среде извештаите за руските сили кои почнале да ја враќаат територијата, украинскиот телеграмски канал „Дип стејт“ објави за „херојство достоен за филм на војниците на 36. поморска бригада“.
Каналот соопшти дека девет од членовите на бригадата зазеле позиции во населбата Љубимовка за да помогнат во евакуацијата на ранетите соборци пред да се најдат опкружени од руски снајперисти.
Меѓутоа, украинските маринци „одбија да се предадат“ и така „донесоа тешка одлука“ да повикаат на артилериски оган врз себе, пишува „Њусвик“.
Зградата во која се наоѓале била погодена и се запалила, но потоа биле видени сите девет мажи како заминуваат, откако го преживеале ударот во кој загинаа „толпа Руси“.
An incredible story: 9 marines from the 36th Brigade found themselves surrounded in Lyubimovka, Kursk Oblast, while covering the evacuation of wounded soldiers. They called in Ukrainian artillery fire on their own position, which precisely targeted and demolished the building.… pic.twitter.com/sSYiUIdfFF
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) October 20, 2024
Наводната експлозија и пожарот снимени на видеото им дадоа покритие на украинските војници да го земат ранетиот персонал.
„Додека Холивуд, режисерите и сценаристите си го мачат мозокот околу следниот заговор за да ја импресионираат публиката, одбранбените сили на Украина го демонстрираат сето тоа во животот на бојното поле“, се вели во објавата на „Дип стејт“.
„Без сомнение, тие се пример за целиот свет“, се додава во објавата на Икс.
Во меѓувреме, командантот на 95-та одделна воздушна јуришна бригада на силите за воздушно напад на Украина откри детали за упадот во регионот Курск, кој е во третиот месец.
Полковникот Олех Апостол изјави за украинскиот весник „Новинарнија“дека неговата единица добила наредба да ја премине границата за време на тешките борби за Торецк. Апостол рече дека на неговите војници им биле дадени само три дена да се подготват за упадот, кој вклучувал употреба на авиони „МиГ“ и „Сухој“, пренаменети да носат бомби кои прецизно погодуваат цели.