Цела Куба остана без струја
Енергетската мрежа на Куба вечерва падна, оставајќи ја земјата без електрична енергија откако откажа една од главните електрани на островот, соопшти кубанското Министерство за енергетика.
Во соопштението на X, Министерството рече дека дефектот на електраната Антонио Гитерас предизвикал „целосно исклучување на националниот електричен систем“. Во Хавана во петокот возачите се обиделе да се движат низ градот каде што не работат уличните светла, а само неколку полицајци го насочувале сообраќајот. Генераторите се луксуз за повеќето Кубанци, а само неколку можеше да се слушне како работат низ градот.
Оваа недела, кубанската влада, соочена со зголемен недостиг на енергија, повика на драконски мерки за заштеда на енергија, вклучително и повици многу работници да останат дома.
Училиштата се откажани, ноќните клубови и рекреативните центри добија наредба да се затворат, а само „неопходните вработени“ треба да се пријават на нивните работни места, според списокот на мерки за заштеда на енергија објавен претходно денеска од страна на државната веб-страница Cubadebate.
Милиони луѓе на островот останаа без струја во последните денови бидејќи застарената електрична мрежа на Куба постојано паѓа.
⚡BREAKING: Cuba national electrical grid shut down on Friday after one of the island’s major power plants failed, Cuba’s energy ministry said, plunging the entire country into a blackout pic.twitter.com/omNIYl9jiQ
— CoastLand 24 (@CoastLandForce) October 18, 2024
Кубанските власти обвинија комбинација на настани – од зголемени американски економски санкции до прекини предизвикани од неодамнешните урагани и лошата состојба на инфраструктурата на островот.
Во вчерашното телевизиско обраќање, кое беше одложено поради технички тешкотии, кубанскиот премиер Мануел Мареро Круз рече дека голем дел од ограниченото производство во земјата е запрено за да се избегне луѓето да останат без струја.
„Ја парализиравме економската активност за да произведуваме струја за населението“, рече тој. Мареро рече дека недостигот на гориво остави голем дел од Куба во мрак, но дека испораките по бродови во наредните денови ќе ја подобрат ситуацијата.
„Ние не сме во бескрајна бездна“, рече тој.