Брисел му прати на Либан 28.500 дози вакцина против Ковид-19


Либан денеска ја прими првата испорака на вакцините против Ковид-19 пред почетокот на вакцинацијата во таа мала медитеранска земја, каде расте бројот на новозаразени и бројот на починати од болеста.

Вакцините „Фајзер“, 28.500 дози, стигнаа од Брисел, јави Националната новинска агенција.

Првите вакцини ќе почант да се даваат утре на ограничен број луѓе во четири медицински центри во главниот град на Либа, Бејрут, пред во понеделник да продолжат во десетина центри.

Во Либан досега се забележани 334.000 случаи со инфекцијата од Ковид-19, а починаа 3.915 луѓе.

Оваа земја во почетокот успеваше да го спречи наглото ширење на заразата, но бројот заразени почна значително да расте по експлозијата во бејрутското пристаниште во август која нанесе штета во многу градски квартови.

Бројот заразени и смртни случаи достигна рекорд кога околу 80.000 Либанци од дијаспората си дојдоа во Либан да слават Божик и Нова година.