Бразил на раб на катастрофа, претседателот не признава


 

Бразил е на раб на катастрофа, откако одделенијата за интензивна нега за ковид пациенти се преполни, а претседателот Жаир Болсонаро одбива да воведе затворање.

Здравствените работници ја опишуваат состојбата како застражувачка, здравтсениот систем е во најтешката криза во својата историја, а пациентите умираат додека чекаат кревет на интензивна нега, пишува „Гардијан“.

Минатата недела Бразил забележа нови рекорди во бројот заразени и починати од корона вирусот, а истражувачите на водечкиот бразилски здравствен институт Фиокруз сметаат дека најголемата држава на Јужна Америка се соочува со невидена катастрофа.

Но, бразилксиот претседател ја намалува опасноста од пандемијата која во таа земја однесе повеќе од 287.000 животи, а Бразил е на второ место по бројот на починати по САД. Порастот на бројот заразени и починати делумно е последица и на ширењето на бразилскиот сој на корона вирусот, Пе1.

„Нашата ситуација не е толку критична. Во споредба со другите земји всушност е комотна“, вели Рикардо Барош, приврзаник на Болсонаро во долниот дом, во средата, кога во Бразил беа забележани 2.798 смртни случаи и рекордни 90.830 нови случаи на зараза со корона вирус.

Но, лекарите на одделенијата за интензивна нега истакнуваат дека ситуацијата е очајна и полоша од хаос. Некои од нив плачеа од исцрпеност и очај додека се бореа да згрижат голем број пациенти во тешка состојба.

Во некои болници, поради недостато од место, пациентите се сместуваат во колите за итна помош.