Братска љубов посилна од ограничувањата: Не можат да ја преминуваат границата, но близнаците најдоа начин да се среќаваат


Кога нивните држави воведоа мерка за затворање на границите, не им требаше долго време да најдат начин да продолжат да се гледаат. Браќа – близнаци Швеѓани кои беа разделени поради пандемијата на корона вирусот ги почитуваат сите ограничувачки мерки, а сепак да се среќаваат еднаш неделно. Без оглед на временските услови, двајцата браќа – седумдесет и тригодишни идентични близнаци се гледаат секоја сабота, секој на својата страна од границата, на мостот што ги поврзува Норвешка и Шведска.

Ола и Понтус Берглунд, со столчиња за кампирање, термоси и сендвичи, ги дели тенка непроодна линија.

„Не можеме да ја преминеме границата. Морам да бидам на еден метар оддалечен од границата, а тој на еден метар од неговата страна на границата. Значи, тоа се два метра меѓу нас, вели Ола.

Под нивните нозе, на патот се испишани имињата на земјите. Ола се пресели во Норвешка пред 40 години заради љубов, додека Понтус живее оддалечен на 40-минутно возење во југозападна Шведска. На мостот го прославија и роденденот.

„Тоа е многу чудно, но стана неопходност. Се гледавме секоја недела и сакавме да продолжиме да го правиме тоа. Пандемијата не усспеа да не запре. За нас тоа е победа, посочува Понтус.

Иако локалните мерки се менуваа во текот на месеците на пандемија, границата остана затворена. За повеќе од една година, тие ја пропуштија својата средба само три пати, како што велат, поради тврдоглавата полиција која не им дозволи да бидат на мостот.

„Секоја наша средба е како мала забава. За мене што живеам сам, многу е важно да го видам мојот брат. Без тоа, би бил депресивен. Ние сме идентични близнаци и, како што велат, потешко е да не разделат отколку обичните близнаци, додава Понтус.

Неколку пати се најдоа и во улога на добронамерни шверцери. Еднаш, кутре родено во Шведска беше пренесено преку мостот во ново семејство во Норвешка. Тоа, велат тие, им е најомиленото сеќавање од пандемијата.

Близнаците имаат роденден на 20 април, па сега другите славеа заедно на мостот. Оваа година тие го прославија својот 73 роденден.

Браќата се надеваат дека наскоро ќе можат да патуваат непречено во посета, исто како и голем број Норвежани, кои имаат колиби во Шведска. Животот таму е поевтин отколку во Норвешка, па тие се особено лути што не можат да стигнат до своите викендички.