Богати Индијци плаќале до 65.000 долари за лет до Малдиви за да избегаат од ковид


 Малдиви ги затвори границите за туристите од Јужна Азија, отсекувајќи им ја патеката за бегство на богатите Индијци кои на тој начин ја избегнуваа кризата со Ковид 19 во сопствената земја.Министерството за туризам и имиграција на Малдиви објави привремена забрана која се однесува на сите носители на визи од Индија, Непал, Бутан, Авганистан, Бангладеш, Пакистан и Шри Ланка, како и за луѓето кои ги транзитирале тие земји во изминатите 14 дена.

Забраната ќе стапи на сила од четвртокот, бидејќи Малдиви се обидуваат да го контролираат напливот на случаи со коронавирус, кои скокнаа од околу 100 нови случаи во средината на април на 1.572 во средата. Тоа е најголем број на нови дневни случаи во земјата од почетокот на пандемијата, според Агенцијата за здравствена заштита. И тоа доаѓа во време на пораст на нови случаи низ целиот регион, особено во Индија, каде што вториот бран убива илјадници луѓе секој ден.

Малдиви минатата година беше една од првите земји што целосно се отвори за туристите, а последните недели стана популарно прибежиште за богатите Индијци, вклучувајќи ги и звездите на Боливуд, чии луксузни одмори предизвикаа гнев дома.
Додека Индија тонеше подлабоко во кризата Ковид-19, која започна кон средината на март, голем број звзди од Боливуд ја напуштија земјата. Актерките, меѓу кои и Алија Бат, Шрадха Капур, Диша Патани и Јанхви Капур, беа меѓу оние кои патуваа на Малдиви.

Тие не беа осамени. Оваа година, Индија стана најголемиот извор на туристи на Малдиви. Од јануари до март, речиси 70.000 Индијанци ја посетиле земјата – двојно поголем број на индиски летувалци кои патувале на островите отколку во цела 2020 година, според Министерството за туризам. Трошоците за летање до Малдиви од Индија нагло се зголемија во април, бидејќи земјите почнаа да воведуваат забрани за патување од и во Индија. Комерцијалните цени на летовите се зголемија за повеќе од четири пати, бидејќи меѓународните ограничувања ги ограничија опциите за патување. Некои поединци платија повеќе од 65.000 американски долари за билет во еден правец за чартер лет до Малдиви во април.