Белорусија и Полска си играат пинг-понг со живи луѓе


 

Белорусија и Полска ги туркаат бегалците напред-назад преку границата и им доставуваат малку храна, чиста воза и засолнипте од студот, соопштија Обединетите нации.

Канцеларијарта на ОН за човекови права затоа итно ги прозва двете земји да се позанимаваат со оваа ситуација.

Бегалците кои ги интерјвуирал тим на ОН за човекови права во текот на посетата на Полска во период од 29 ноември до 3 декември тврад дека биле изложени на насилство или закани во белорусија и дека биле гладни и смрзнати, потврди портпаролот на канцеларијиата на ОН за човекови права, пренесе Ројтерс.

„Интервјуираните ги опишаа страшните услови од двете страни на границата и засолништата од ниските зимски температури“, изјави претставничката на УНХЦР Елизабет Тросел.

Според неа, повеќето потврдиле дека, додека биле во Белорусија, тамошните сили за безбедност ги тепале или им се заканувале, барајќи им пари за храна и вода и терајќи гида преминат преку граница.

Белоруските и полсеките надлежни за сега не одговорија на прашањата на Ројтерс за овие тврдења.