Бајден нема да преговара јавно со Израел во врска со Иран


Американскиот претседател Џо Бајден рече дека нема да преговара јавно кога го прашаа дали го повикал Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки.

Израел, имено, одлучува како да одговори на големиот ракетен напад што Техеран против него го изврши во вторникот. Неофицијални извори блиски до израелската влада велат дека цел може да бидат иранските нафтени постројки.

Бајден веќе јавно кажа дека во својот одговор го советува Израел да не ги гаѓа иранските нуклеарни постројки. На новинарско прашање дали ќе го повика Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки, тој рече: „Знам дека нема потреба јавно да се преговара“.