(Видео) Aвтомобили пливаат по улиците на Москва

Москва денеска ја погоди силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а во сила е портокалов метео-аларм.
Жителите на Москва на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат автомобили кои пливаат по улиците како чамци.
https://twitter.com/tccfsstan/status/1274324431368839171
Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави на Твитер дека се поплавени неколку автомобили на една од улиците во главниот град, како и дека сообраќајот во улицата е целосно во прекин.Некои подземни премини се целосно потопени.
https://www.facebook.com/InterestingMoscow/posts/3330006723698346